Тиверија на тешко гостување кај Детониот Јуниор во Радовиш

Екипата на Детониот Јуниор, која обезбеди второлигашки статус за од следната сезона, во 23. коло од Третата лига – Југоисток, ќе биде домаќин на Тиверија.

Tiverija - Dojransko Ezero - vo Strumica 18.03.2018

Во овој натпревар, домашната екипа влегува како фаворит за нова победа, која ќе биде 20-та за оваа сезона. Тиверија со евентуална победа во Радовиш, а пораз на Напредок од Радово, би можела да се искачи до третото место на табелата.

Во однос на табелата, Детонит е прв со 58 бодови, втор е Василев со 46 бодови, трета е екипата на Напредок од Радово со 40 бодови, додека Тиверија со 37 бодови е четврта на табелата.

 

Comments are closed.