Беласица на гостување кај Борец во Велес

Екипата на Беласица, во 26. коло од Втората лига – Исток, ќе гостува во Велес, кај третопласираната екипа на Борец.

Belasica - Plackovica - vo Strumica - 07.04.2018

Овој натпревар за Борец е многу значаен, во борбата за второто место, каде се отвара можност преку бараж за враќање во ПМФЛ. За Беласица овој натпревар нема резултатско значење, но струмичани играат во одлична форма, и на тревникот се доминантни во секој поглед, така да за екипата од Велес, овој натпревар ќе биде многу тежок.

Беласица и официјално со убедливата победа од 6:0, на „Младост“ над екипата на Кожув од Гевгелија во претходното коло, се врати во елитата, а борбата на две кола пред крајот од првенството се води  за второто место, но сигурно е дека Брегалница ќе биде второпласирана, со оглед на тоа што во оваа коло е домаќин на Плачковица од Радовиш, каде е фаворит за нова победа.

Во однос на табелата, Беласица е прва со 58 бодови, втора е Брегалница со 49 бодови, додека два бода помалку има Борец.

 

Comments are closed.

POP