Академија Пандев во тежок дуел против Работнички

Екипата на Академија Пандев, во недела, во натпревар од 34. коло од Првата македонска фудбалска лига, ќе ги одмери силите со четвртопласираниот Работнички.

Овој натпревар е значаен и за двете екипи. Гостите од Скопје, со евентуална победа против Академијата, ќе имаат 48 бодови, а во случај на реми или пораз на Силекс во Прилеп кај Победа, тогаш кратовчани ќе бидат четврти, додека Работнички ќе биде трети и ќе има можност за излез кон Европа.

Академија Пандев - Победа - во Турново - 02.05.2018

Од друга страна, Академија Пандев, со евентуална победа, би имала реална можност да заврши како четвропласирана на табелата, на крајот од првенството, но и можност, доколку Силекс загуби во Прилеп, да има шанси и за трето место, бидејќи во последното коло, токму Академија Пандев ќе ги одмери силите со Силекс, а едно коло претходно, Сиелкс ќе биде домаќин на Работнички.

Во однос на табелата, Шкендија е прва со 82 бодови, Вардар е втор со 53 бода, Силекс трети со 46 бодови. На долниот дел до табелата, тесна разлика на трите последнопласирани екипи. Пелистер е последен на табелата со 31 освоен бод, Победа е деветта со 32 бодови, исто колку што има и Скопје, кој е осми на табелата.

Comments are closed.