Општинскиот сојуз на борците ги додели наградите за најдобрите литературни творби

Во просториите на Општинскиот одбор на Сојузот на борците на Македонија од НОАВМ и граѓани продолжувачи, беа доделени наградите за најдобрите литературни творби по распишаниот конкурс на тема „Младите борци на патот до изгрејсонцето на слободата“, а по повод 9.мај – Денот на победата над фашизмот.1 (27) Учениците покажале голем интерес за пишување поезија на оваа тема, поради што се доделени две први награди и тоа на Мартина Јанаќева од ООУ „Маршал Тито“ од Струмица и Марија Трендафилова од ООУ „Никола Вапцаров“, втората награда ја доби Надица Илова од ООУ „Сандо Масев“, а добитници на двете трети награди се Тиме Крстев од ООУ „Видое Подгорец“ и Ангел Спасов од ООУ „Никола Вапцаров“. На доделувањето на наградите, за значењето на Денот на победата над фашизмот и учеството на борците од струмичкиот регион во Втората светска војна зборуваше Соња Чурлинова, претседател на Општинскиот одбор на Сојузот на борците на Македонија од НОАВМ и граѓани продолжувачи.3 (15) 5 (5)

Comments are closed.

Capture