Димитар Џорлев од ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица – државен првак во математика

Во Скопје во просториите на Машински факултет и Факултетот за електротехника и информатички технологии во организација на Сојузот на математичарите на Република Македонија се одржа 43-тиот државен натпревар по математика за основно образование на кој ученикот Димитар Џорлев (14 години) од ООУ Видое Подгорец” – Струмица ученик во 9-то одделение, под менторство на наставничката по математика Натка Гарванлиева го освои највисокото прво место. Тоа е уште еден голем успех на Димитар Џорлев кој во оваа учебна година учествуваше на голем број натпревари по математика како домашни така и меѓународни на кои ги освои највисоките места во своја, но и во категорија за средно образование.

1 (26)На истиот натпревар зедоа учество и учениците од 9 одделение, Раде Перовановиќ кој освои пофалница и Димитар Трајков. Од 8 одделение ученикот Илија Боневски под менторство на Васка Едровска доби пофалница и се здоби со право за учество на јуниорската македонска математичка олимпијада.2 (15) 3 (14) 4 (7) 5 (4)

Comments are closed.