Напредок Радово убедлив против Спартмани

Екипата на Напредок од Радово, со убедливи 4:1, го победи Спартмани, во натпревар од 22. коло од Третата лига – Југоисток.

FK Vasilevo 4

За Напредок, оваа победа е од големо значење, бидејќи со новите три бодови, ја задржаа бодовната разлика во однос на Тиверија, на три бода. Напредок останува на третото место со 40 бодови, додека Тиверија, која го доби дербито со Василево, со резулатот од 1:0, останува четврта со 37 бодови.

Спартмани останува петти на табелата со 20 бодови, исто колку што има и Дојранско Езеро.

Во следното коло, Напредок Радово ќе гостува кај Василево, додека Спартмани ќе игра против Академија Кукла.

Comments are closed.

Capture