КК Струмица немоќна против Пелистер

Кошаркарите на Пелистер ја поразија Струмица на домашен терен, со резултат од 80:70, во натпревар од 10. коло од плеј-аутот.

kosarka

Во овој натпревар, битолчани ја оправдаа фавортиската улога за победа над КК Струмица, која од наредната сезона ќе се натпреварува во Втората лига.

Пелистер ја заокружи својата 14-та сезонска победа, додека КК Струмица го впиша 27-от сезонски пораз. Во однос на табелата во плеј-аутот, Пелистер со 46 освоени бодови е трети, додека Струмица е последна со 36 освоени бодови.

 Табела - Прва лига (плеј-аут) - последно коло, сезона 2017-18

Comments are closed.