ЖФК Тиверија со убедлива победа против ЖФК Речица

Фудбалерките на Тиверија, уште еднаш ја покажаа својата доминација, откако на домашен терен, со убедливи 7:1, ја победија екипата на ЖФК Речица.

ЖФК Тиверија - ЖФК Речица - 05.05.2018

Тиверија со оваа убедлива победа, останува и понатаму на второто место на табелата, со вкупно 51 освоен бод, со што има негатива од 3 бода во однос на првопласираниот Драгон 2014.

Речица по овој натпревар, останува на десеттото место на табелата, со вкупно 14 освоени бодови.

Во следното, 19-то коло, ЖФК Тиверија ќе гостува кај екипата на ЖФК Њу Јорк. Тиверија во овој натпревар влегува како апсолутен фаворит за убедлива победа. Њу Јорк е последнопласирана екипа, без ниту еден освоен бод. Речица ќе биде домаќин на ЖФК Истатов.

Comments are closed.

POP