Делегација од Електростаљ во посета на општина Струмица

Делегација од градскиот округ Електростаљ од Московската област на Руската федерација е во посета на општина Струмица. На средбата со градоначалникот Коста Јаневски, членовите на делегацијата разговараа за досегашната и идната соработка. Оваа посета е по повод концертот насловен „Уметноста во име на победата“ кој што ќе се одржи во центарот за култура „Антон Панов“ вечерва со почеток во 19,30 часот, а во рамките на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот.31521448_1631968453523245_9064020353512112128_n 31956279_1629014933818597_4748714458925236224_n 31958142_1631968446856579_2865139452999630848_n

Comments are closed.

POP