Беласица го прегази Кожув и се врати во Првата лига

Беласица со убедливата победа од 6:0 на „Младост“ над екипата на Кожув од Гевгелија, се врати во Првата македонска фудбалска лига. Беласица на овој натпревар уште еднаш ја потврди својата доминација на тревникот, и потврди дека нејзиното место е во ПМФЛ.

ФК Беласица - шампиони, сезона 2017-18 (Втора лига - Исток)

По цели 12 години, гордоста на Струмица, Беласица, се враќа во елитата. Струмичани покрај Беласица која во следната сезона ќе игра во Првата лига, ја имаат и Академија Пандев која оваа сезона за прв пат се натпреварува во Првата лига, така што практично од следната сезона, Струмица ќе има два фудбалски клуба во Прва лига.

Во однос на табелата, Беласица со 58 бода е на првото место на табелата, втора е Брегалница, која денес во Штип, го победи Борец, кој сега е трети со 47 бодови.

Comments are closed.