Академија Пандев со убелива победа над Пелистер во Битола

Екипата на Академија Пандев, на гостувањето во Битола, забележа сигурна победа против Пелистер, со резулат од 1:3, во натпревар од 33. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев - Победа - во Турново - 02.05.2018

За Академијата, оваа победа е од големо значење, бидејќи со новите три освоени бодови, обезбедуваат опстанок во Првата лига. По победата во Битола, Академија Пандев е петта на табелата со 42 освоени бодови, и има негатива од само 3 бода во однос на Работнички кој е четвти, и 4 бода во однос на Силекс кој е трети на табелата.

Пелистер со овој пораз, се сели на десеттото место со 31 освоен бод. Битолчани имаат негатива од еден бод во однос на Победа, која пак сега е деветта, додека Скопје со ист број на бодови како и прилепчани (32), се осми.

Битка за опстанок за првата лига ќе водат, Пелистер, Победа и Скопје. Овие три екипи ќе се обидат во последни три кола до крајот од сезоната, да обезбедат бодови за осмото место, место кое преку бараж, обезбедува опстанок во Првата лига.

 

Comments are closed.