Проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“ соединува наставни содржини од повеќе наставни предмети

Изведувањето на заеднички часови по наставните предмети општество и граѓанско образование, за учениците од македонската и турската заедница во општинските основни училишта „Маршал Тито“ во Струмица и „Маршал Тито“ во Муртино, ги соединува и наставните содржини од наставните предмети ликовно и музичко образование, странските јазици, историја, мајчиниот јазик и физичкото образование. Корелацијата и координацијата што во наставата ја планираат наставниците во овие училишта, заедно со родителите на учениците и претставници од локалната самоуправа, придонесува да се остваруваат целите на наставата, да се подобрува меѓусебната соработка, взаемно почитување и помагање во извршување на поставените задачи, учениците да умеат да ги воочуваат проблемите и да знаат дека треба да се решаваат, да знаат да се грижат за својата околина, да знаат да предложат решенија за конкретни проблеми и слободно да ги искажуваат своите мислења и идеи.

1 (24)Во овој проект финансиран од Детската Фондација Песталоци и имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во соработка со Бирото за развој на образованието-Скопје, активно се вклучени наставниците од одделенска настава преку наставниот предмет општество и наставниците во предметна настава по граѓанско образование.2 (13)

Општина Струмица, како партнер во овој проект, преку Комисијата за меѓуетничка интеграција во образованието формирана од градоначалникот на општина Струмица, постојано ги следи и продолжува со поддршка на активностите планирани во годишните програми на училиштата.4 (6)

Comments are closed.

Capture