Општинското игралиште во Струмица ќе се вика „Филип Лазаревски“

Советот на Општина Струмица вчера донесе одлука општинското игралиште во иднина да го носи името „Филип Лазаревски“ во чест на трагично починатиот поранешен фудбалер на Академија Пандев.

filip-885x500

Нашиот клуб почна иницијатива за преименување на игралиштето, а Општината позитивно одговори. На овој начин сакавме да изразиме почит кон играчот кој предвреме не напушти.

Филип Лазаревски беше член на Академија Пандев и репрезентативец на Македонија во генерацијата 2002. Неговиот ведар лик вечно ќе остане запаметен кај сите во нашиот клуб, истакнаа од Академија Пандев на нивниот клубски веб сајт.

 

 

Comments are closed.

Capture