Беласица со победа против Кожув се враќа во Првата лига

Беласица која е лидер на табелата во Втората лига – Исток, со 55 освоени бодови, се враќа во Првата македонска фудбалска лига. За официјална промоција во Првата лига, на Беласица ѝ е потребен само еден бод.

Belasica - Sasa - 24.01.2018 - kontrolen natprevar

Тоа најверојатно ќе се случи на утрешниот натпревар, кој треба да се одигра на „Младост“ во Струмица, каде Беласица е домаќин на Кожув од Гевгелија.

Со победа, реми, или во случај на пораз, но победа на Брегалница во Штип над Борец, Беласица и официјално ќе биде дел од Првата лига од следната сезона.

 

Comments are closed.