Академија Пандев пред тежок испит против Пелистер во Битола

Академија Пандев ќе брка победа во 33. коло од Првата македонска фудбалска лига, против екипата на Пелистер, на гостувањето во Битола.

Тежок натпревар во кој бодовите се важни и за двете екипи. Битолчани ќе играа под притисок за нова победа, со цел да може да изборат опстанок во Првата лига, но од друга страна струмичани ќе се обидат да врзат втора победа во низа со цел да останат сигурни над опасната зона на испаѓање.

Академија Пандев - Победа - во Турново - 02.05.2018-2

Битолски Пелистер во моментот е последен на табелата со 31 освоен бод, исто колку што има Скопје кој е деветти на табелата, додека Победа од Прилеп е осма со 32 освоени бодови. Академија Пандев е шестта со 39 освоени бодови, и има еден бод повеќе од Шкупи кој е седми на табелата, но има натпревар помалку, а тој натпревар е токму со Пелистер, со што битолчани имаат реални шанси да се изборат во најмала рака за осмата позиција на табелата, и преку бараж да изборат опстанок во Првата лига.

Во натпреварот кој се игра во недела, со почеток од 16:30 часот, Пелистер можеби ќе има блага фаворитска улога за победа над Академија Пандев, пред се поради тоа што игра на домашен терен и пред својата публика.

Comments are closed.