Напредок Радово против Спартмани

Фудбалерите на фудбалскиот клуб Напредок од Радово, во 22. коло од Третата лига Југоисток, ќе ги одмерат силите против екипата на Спартмани.

17991795_1969011266660303_8524909740030003784_n

Напредок Радово ќе има тешка задача во овој натпревар, бидејќи со евентуален пораз од Спартмани, тогаш екипата од Радово ќе се сели на четвртото место на табелата, но во случај да Тиверија победи против Василево.

Напредок е трети на табелата со 37 освоени бодови, додека Тиверија е четврта со 3 бода помалку. Екипата на Спартмани е петтопласирана со 20 освоени бодови.

Покрај Партизан Баш кој се откажа од натпреварувањето и останува на деветтото место, осмото место и припаѓа на Академија Кукла со 16 освоени бодови.

Comments are closed.

Capture