Кружниот тек кај „Бурчо“ со ново хортикултурно уредување

Вработените во единицата „Зеленило“ при јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ деновиве интензивно работат на пролетно разубавување на зелените површини во градот. Во завршна фаза е новото хортикултурно уредување на кружниот тек на улиците „Сандо Масев“, „22-ри декември“ и „Орце Николов“ или кај местото популарно наречено „Бурчо“. На оваа површина се врши комплетно преуредување со нови садници, цветни површини и декоративни елементи со што овој дел од градот доби вистинско пролетно освежување.31870714_1627904780596279_7969551880630042624_n 31932760_1627904773929613_7122233164742787072_n

Comments are closed.