Дуел во Третата лига Југоисток: Тиверија против Василево

Во недела со почеток од 16:00 часот, ќе се одигра дерби дуел помеѓу екипите на Тиверија и Василево, во натпревар од 22. коло од Третата лига Југоисток.

FK Vasilevo 3

Овој натпревар ќе биде доста интересен, бидејќи Тиверија со евентуална победа над второпласираниот Василево, може да се искачи на третото место на табелата, со ист број бодови како Напредок од Радово, кој тогаш би бил четврт. Од друга страна, во случај на пораз на Тиверија, тогаш Василево би имал 49 бода и сезоната со сигурност ќе ја заврши на второто место на табелата.

Но, за да се оствари оваа „математика“ потребно е Напредок од Радово да загуби од петтопласираниот Спартмани, екипа која се покажа дека знае и може да изненади. Такво изненадување Спартмани приреди на гостувањето во Радовиш, кога на гостински терен одигра нерешено (1:1), со лидерот на табелата и сигурен патник во Втората лига Исток, Детониот Јуниор.

 

Comments are closed.