Беласица ги повикува навивачите, симпатизерите во сабота со победа да го прослават влезот во Прва лига

Фудбалскиот клуб Беласица, денес на својата фан страница на фејсбук, објави објава со која ги повикуваат љубителите, симпатизерите и фановите на ФК Беласица, во сабота во натпреварот против Кожув од Гевгелија, со победа сите заедно да го прослават влезот во Првата македонска фудбалска лига.

Во продолжение во целост објавата од ФК Беласица:

ПОЧИТУВАНИ ЉУБИТЕЛИ, СИМПАТИЗЕРИ И ФАНОВИ НА ФК БЕЛАСИЦА, ВО САБОТА ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА СТАДИОНОТ “МЛАДОСТ”.

СО ПОБЕДА ЗАЕДНО ДА ГО ПРОСЛАВИМЕ ВЛЕЗОТ ВО ПРВА ЛИГА.

#ФКБеласица #ГордостНаГрадот #НапредПлави

31781792_1116243665184379_3666275150057177088_n

Comments are closed.

Capture