КК Струмица со најважниот натпревар против Карпош

Кошаркарите на Струмица денес го играа најважниот натпревар оваа сезона против Карпош на домашен терен, во натпревар од 9. коло од плеј-аутот.

kosarka

КК Струмица во моментот е на последното место на табелата со 34 освоени бодови, додека Карпош е место погоре на табелата со 2 бода повеќе. Овој натпревар кој ќе се игра во спортската сала „Парк“ во Струмица, ќе биде одлучувачки за опстанок во лигата.

КК Струмица ќе има предност што игра на домашен терен и пред својата публика, додека карпошани ќе се потпираат на искуство во тимот.

Овие две екипи имаат одиграно 11 меѓусебни натпревар од 2013 година до денес. Струмичани на три натпревари запишале победа, додека Карпош на осум натпревари победиле.

Оваа година овие две екипи во два наврати си ги одмерија силите. Во првиот натпревар одигран во Струмица, струмичани со 86:71 ги победија карпошани, додека во вториот натпревар одигран во Карпош, КК Струмица загуби со 93:87.

 

Comments are closed.

Capture