ЖФК Тиверија со убедлива победа над ЖФК Каменица Саса

ЖФК Тиверија на гостување во Македонска Каменица, со 0:4 го декласираше тимот на ЖФК Каменица Саса, во натпревар од 17. коло од Првата женска фудбалска лига.

ZFK Tiverija - trening 04.03.2018

Тиверија уште еднаш ја потврди својата доминација на тревникот. По овој натпревар состојбата на табелата е следна: Драгон е прв со 51 бод, Тиверија е втора со 48 бодови, ЖФК Борец е трет со 34 бодови.

На дното од табелата е ЖФК Њу Јорк, единствена екипа која нема освоено бодови, додека ЖФК Каменица Саса е единаесетта со 8 освоени бодови.

Во следното коло ЖФК Тиверија ќе игра на домашен терен против ЖФК Речица, екипа која е 10-та на табелата со 14 освоени бодови, ЖФК Каменица Саса ќе гостува кај ЖФК Истатов.

Comments are closed.

POP