Академија Пандев со минимална но значајна победа против прилепска Победа

Академија Пандев со минимални 1:0 оствари победа на „Кукуш“ во Турново против екипата на Победа од Прилеп, во натпревар од 32. коло од Првата македонска фудбалска лига.

За Пандевци ова е значајна победа бидејќи сега со 39 бодови се шестти на табелата и имаат 7 бода повеќе од опасната зона за испаѓње. Прилепчани остануват на осмото место на табелата со 32 освоени бодови, но имаат предност од само 1 бод пред Скопје кој е 9-ти и Пелистер кој е 10-то пласиран, односно последен на табелата.

Академија Пандев - Победа - во Турново - 02.05.2018

Академија Пандев во сленото коло ќе има тешко „пеколно“ гостување во Битола, каде ќе игра против екипата на Пелистер. Овој натпревар, исто така, ќе биде дерби од дното на табелата. Битолчани се последни на табелата и имаат 31 освоен бод, исто колку што има и Скопје, кој е место погоре на табелата.

Со евентуална победа на Пелистер, а пораз на Победа и Скопје, тогаш екипата од Битола ќе биде осма на табелата. Во секој случај, со овие три бода Пелистер останува во сериозна шанса за опстанок во Првата лига.

Од друга страна, Академија Пандев со нови три бода би можела да се искачи повторно до четвртото место на табелата, во случај на пораз на Работнички и Ренова, кои исто така играат тешки натпревари.

Новиот шампион Шкендија има 79 бодови, Вардар кој е втор на табелата има 52 бода, додека Силекс како трет има 46 бода.

Comments are closed.