Академија Пандев на тежок тест против прилепска Победа

Академија Пандев денес ќе биде на тежок тест против екипата на Победа од Прилеп, во натпревар од 32. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев - Шкендија - во Турново - 25.04.2018

Овој натпревар ќе привлече големо внимание на фудбалската јавност бидејќи е дерби натпревар за опстанок во лигата. Академијата е седма на табелата со 36 бодови, има предност од само 4 бода во однос на Победа која е осма на табелата. Осмата позиција преку бараж обезбедува опстанок, што практично е тежок начин за да се опстане.

Доколку Академија Пандев денес победи тогаш ќе има 39 бодови, и ќе има 7 бода предност пред осмопласираната Победа. Во случај на пораз, тогаш Академија Пандев останува повторно седма, но со само 1 бод предност пред Победа од Прилеп, со што практично се доведуваат во опасна ситуација за испаѓање од лигата. Во случај на реми, бодовната разлика од 4 бода ќе остане иста.

Во меѓусебните дуели на овие две екипи, Академија Пандев нема добиено ниту еден дуел, практично два завршиле нерешено, 2:2 и 0:0, а еден и тоа на домашен терен на Академија Пандев заврши со минимална победа од 0:1 за екипата од Прилеп.

На последните пет натпревари, Академија Пандев има скор од две ремиа, два порази и една победа, додека Победа има скор од два порази, две победи и едно реми.

 

Comments are closed.

POP