Две лица од Струмица паднаа во провалија на трим патеката над градот

На 30.04.2018 година околу 17,00 часот било пријавено дека во Струмица, на рекреативната патека кон црквата „Свети Илија“, лицата Б.К.(57) и М.С. (63) двајцата од Струмица по минувањето на мостот кај место викано „Црвен Дол“, во еден момент се лизнале и паднале во провалијата под мостот. imagesОд екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица лицата биле извлечени од провалијата и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Медицинскиот центар во Струмица, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Б.К. поради сериозноста на повредите потоа бил префрлен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје на понатамошно лекување.

Comments are closed.

POP