КК Струмица со нов пораз: Кожув подобар

Екипата на КК Струмица го забележа својот 25 пораз оваа сезона од Кожув во натпревар од 30. коло со резултат од 82:75, со што останува на последното место на табелата со 34 бодови.

kosarka

Можноста за да КК Струмица избори опстанок е реална, бидејќи разликата помеѓу КК Струмица и Карпош е 2 бода, а веќе во следното коло овие две екипи ќе имаат дерби дуел за опстанок.

Струмица можеби ќе важи за благ фаворит бидејќи игра на домашен терен, додека карпошани ќе се потпираат на искуство во екипата.

КК Струмица е 12-та на табелата со 34 бодови, додека Карпош е 11-ти со 36 бодови.

Comments are closed.