Академија Пандев поразена од Ренова

Екипата на Академија Пандев поразена се врати од гостувањето во Тетово кај екипата на Ренова, со резултат од 2:1 во натпревар од 31. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Овој неповолен резултат за Пандевци се одрази и во однос на табелата, со тоа што сега се седми со вкупно 36 освоени бодови, и имаат само 4 бода предност пред Победа која е осма на табелата, позиција која обезбедува опстанок во Првата лига преку бараж.

Академија Пандев - Шкендија - во Турново - 25.04.2018 -2

Ренова сега е петта на табелата со 40 освоени бодови и останува во реална шанса за четвртото место.

Академија Пандев ќе има тешка задача во борбата за опстанок, а веќе таков тест ќе има на домашен терен против екипата на Победа од Прилеп. Со евентуална победа од овој директен дуел за опстанок во лигата, Академијата ќе ја зголеми бодовната разлика во однос на осмата позиција на седум бодови, што шансите за опстанок им се зголемуваат. Од друга страна, доколку прилепчани кои се мотивирани за да обезбедат опстанок во Првата лига победат, тогаш Академија Пандев ќе има само еден бод повеќе од осмата позиција или во случајот од прилепска Победа.

По овој натпревар, Академија Пандев ќе гостува во Битола кај Пелистер, каде ги очекува реално тежок натпревар, бидејќи Пелистер води тешка битка за опстанок. По Пелистер, следува Работнички на домашен терен, а веќе во последното коло Пандевци на домашен терен исто така ќе имаат тежок натпревар против Силекс, кој ќе се обиде до крајот од сезоната да го нападне второто место.

Comments are closed.