Поезија од Митко Гогов објавена во Кина

Деновиве од печат излезе новиот број на месечното списание за литература „Chinese Language Monthly во Кина во кое македонскиот поет со потекло од Струмица Митко Гогов е застапен со избор од неговата поезија. На десетина страници се поместени стихови кои се дел од неговиот поетски опус, а во препев на Tze-min Ition Tsai, универзитетски професор, уредник и преведувач. Годинава тој е поканет да учествува на Интернационалниот поетски фестивал „Формоса“ во Тајван, а ова е четврта публикација на неговата поезија за само неколку месеци на истокот.

31417126_10156323643822790_2496209308530769920_nMитко Гогов, 1983, е автор кој пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Пишува и хаику, сенриу, ренга кои ги објавува повремено во микроблогосферата twitter. Неговото творештво досега е застапено и преведено во неколку антологии, стихозбирки и списанија за литература и уметност во Индија, Пакистан, Филипините, Кина, USA, Аргентина, Русија, Шпанија, Италија, Чешка, Романија, Германија, Израел, Мексико, Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Грција, Бугарија… Актуелен е со неговата стихозбирка „Ледена вода“ издадена во Србија (2011) и во Македонија, во едицијата „Огнови“ на издавачката куќа Антолог (2014).31495118_10156323643817790_6241407403229708288_n

Концептуален уметник со неколку изложби, инсталации, перформанси, сценографии и мултимедијални проекти реализирани во Норвешка, Франција, Италија, Србија, Македонија, Бугарија … Младински работник и граѓански активист. Претседател на здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“, организатор на глобалната поетска манифестација „100 Илјади поети за промена“ во Македонија, претставник на Светската унија на поети и Школата за поезија – Делегација Македонија, основач на наградата „Антево слово“ која се доделува во Сицилија, Италија.

Comments are closed.