Санирањето на ударните дупки во завршна фаза

Согласно програмата за „крпење“ на ударни дупки за 2017 г., денес привршуваат работите за санација на ударни дупки на неколку делови од градот. Според информацијата од Одделението за комунални работи при Општина Струмица, во текот на денешниот ден се изведуваат завршните работи за „крпење“ на ударните дупки во централното градско подрачје, и тоа на булеварот „Ленинова“, кружниот тек  кој ги поврзува булеварот „Гоце Делчев“ и улуцата  „Младинска„, кружниот тек кој ги поврзува улицата „Крушевска Република“ со улицата „Маршал Тито“, како и делници од улицата „Крушевска Република“31286581_10214374532174847_4453049481499246592_n

Comments are closed.