Струмица ќе биде домаќин на финалето на Купот на Македонија

Финалето од фудбалскиот Куп на Македонија помеѓу екипите на Пелистер и Шкендија ќе се одигра на 23 мај со почеток од 20:00 часот, на стадионот „Младост“ во Струмица. Тоа значи дека финалето ќе се игра под рефлектори, со што ќе се привлече големо внимание кај јавноста за проследување на истото.

21765344_991829894292424_6757480107780147129_n

Во ланското финале кое што се одигра помеѓу истите екипи, Пелистер на пенали успеа да го освој Купот и имаше можност да игра квалификациите за Лигата на Европа, каде во провот коло загуби од Лех Познањ.

Шкендија која игра во многу одлична форма, ќе биде фаворит во оваа финале. Тетовчани ќе се обидат да стигнат до првата двојна круна во историјата, бидејќи веќе и официјално се прваци во Првата македонска фудбалска лига.

Пелистер во шампионатот се бори за опстанок, што практично доколку го освој Купот ќе има можност повторно да игра квалификации во Лигата на Европа.

Освен во Струмица и Скопје, финалето од Купот на Македонија се има играно исто така и во Штип и Прилеп.

 

Comments are closed.

POP