КК Струмица забележа победа против Шкупи

Кошаркарите на КК Струмица забележаа значајна победа во борбата за опстанок во Супер лигата, откако вчера на домашен терен со тесен резултат од 83:80 ја забележаа својата 4-та сезонска победа.

kosarka

Струмичани со оваа победа остануваат и понатаму последни на табелата со 33 освоени бодови. Бодовната разлика во однос на Карпош кој е 11-ти се намалува на 2 бода.

Кај домашната екипа Мрковиќ и Гатис беа најефикасни со 17 поени, додека кај гостите најпрецизен беше Пеев со 25 поени.

Во следното коло, КК Струмица гостува кај Кожув, екпа која е пласираната на 2-то место на табелата во плеј – аутот со 43 освоени бодови, додека Шкупи гостува кај Фени.

За КК Струмица исто така, од големо значајни ќе биде и епилогот од натпреварот помеѓу Карпош и Пелистер. Доколку во овој натпревар Карпош загуби на домашен терен од битолчани, тогаш шансите за опстанок на КК Струмица значително ќе се зголемат.

Comments are closed.

Capture