Беласица против Тиквеш во Втората лига Исток

Фудбалерите на Беласица во сабота ќе гостуваат во Кавадарци, каде во натпревар од 22. коло од Втората лига Исток ќе ги одмерат силите против екипата на Тиквеш.

Belasica - Sasa - 24.01.2018 - kontrolen natprevar

Во овој натпревар Беласица е фаворит за победа, поради подобрата игра, како и подобрата екипа. Беласица со 52 бодови е лидер на табелата, и е на чекор од остварувањето на својата цел, влез во најсилното фудбалско натпреварување во Македонија, Првата лига. Од друга страна, Тиквеш е клуб кој моментално е пласиран на петтото место на табелата со 31 освоен боди, и има негатива од 3 бода во однос на Кожив од Гевгелија.

На последните 5 натпревари Беласица има скор од 5 победи, додека Тиквеш има една победа, две ремиа и два последователни убедливи порази, едниот со 1:3 од Борец на домашен терен, другиот со 5:0 од Брегалница во Штип.

Comments are closed.

Capture