Академија Пандев со реми против Шкендија

Академија Пандев на стадионот во Турново, одигра нерешено (2:2) против новиот шампион на Македонија, Шкендија, во натпревар од 30. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Гостите од Тетово многу брзо дојдоа до водство од 0:2, откако во 16. минута Јуниор и во 19. минута Ибраими ја погодија противничката мрежа. На полувреме резултат беше 0:2.

Академија Пандев - Шкендија - во Турново - 25.04.2018 -2

Во вториот дел од натпреварот Балдовалиев ја погоди мрежата на Шкендија во 53. минута од натпреварот. 10 минути подоцна, Атанасов од пенал погоди за конечните 2:2.

Академија Пандев со оваа реми има 36 бодови, исто колку што има и Шкупи кој е место подолу на табелата. Ренова со победата од 2:0 над Скопје, се искачи на петтото место на табелата. Шкендија со 76 бодови е лидер на табелата.

Во следното коло Академија Пандев ќе има многу тешко гостување кај Ренова, екипа која на последните три натпревар има скор од 3 победи и два порази, и направи одличен прогрес со што се искачи на петтото место на табелата, и со сигурност го обезбедува опстанокот во Првата лига.

Шкендија во следното коло ќе гостува во Прилеп, кај екипата на Победа, каде Тетовчани се фаворити за победа. Прилепчани ќе имаат тежок натпревар во борбата за обезбедување на нови бодови и можноста да го избегнат баражот и да обезбедат директен опстанок во Првата лига.

Comments are closed.