Претставници на ООУ „Маршал Тито“ од Струмица во Изник-Бурса во Турција

На покана од збратименото училиште „Алпарслан“ од Изник-Бурса во Република Турција, по повод нивниот празник „23 Април-Денот на детето“, претставници од општинското основно училиште „Маршал Тито“ од Струмица, престојуваат во неколкудневна работна посета.

         1 (22)   За време на престојот тие остварија средба со гувернерот на областа Изник. Во присуство на раководителот на Одделението за образование и директорот на збратименото училиште, разговараа за образовните системи во Република Турција и Република Македонија, разменија искуства за воспитно-образовниот процес во училиштата и ги истакнаа придобивките на меѓуетничката интеграција и интеркултурната комуникација.2 (11)

            Градоначалникот на општина Струмица и овојпат ја даде потребната поддршка за реализација на оваа работна посета, преку која и училиштето и локалната заедница се промовирани во Република Турција.

Comments are closed.