Градоначалникот Јаневски на музичко – сценскиот перформанс на СОУ „Јане Сандански“

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на средното општинско училиште „Јане Сандански“ на големата сцена во центарот за култура „Антон Панов“, синоќа беше изведен музичко – сценски перформанс „Биди гимназијалец, биди економист“. Меѓу присутните кои уживаа во овој несекојдневен настан, беа и градоначалникот Коста Јаневски и членови на Советот на општина Струмица. Дваесет и двајца професори и шеесетина ученици преку музика, песна и сценска игра се навратија на минатото, ги оживеаа спомените и се радуваа на сегашноста, но и на светлата иднина на идните гимназијалци и економисти. Мјузиклот беше поврзан со сите наставни предмети и активности во училиштето од минатото до денес.DSC_2263 DSC_2292 DSC_2300 DSC_2316 DSC_2322 DSC_2327 DSC_2329

Comments are closed.

Capture