Романтична хитовска вечер со Нокаут во Струмица

Момците од Нокаут ќе ги донесат најромантичните звуци на препознатливата сцена во градскиот парк на годинашното седмо издание на Струмица ОПЕН фестивал. Бендот ќе настапи како дел од културно-уметничката програма со целовечерен концерт на 14 август од 22:00 часот на Езерцето. SOF FB POST - Nokaut

„Годинава на настанот „Летна романтика“ публиката ќе ужива со најдоброто од трите авторски албуми на Нокаут. Интимна и хитовска вечер со певливите безвременски рефрени „Лебедот бел“, „Илијада причина за крај“, „Фатална опсесија“, „Временска машина“, „Би се викал те сакам“ и многу други.

Нокаут е еден од најуспешните македонски бендови кои постојат 2 децении и ги имаат најпосетуваните концерти на домашната музичка сцена.

Годинава, од 10 до 19 август на СОФ ќе настапат најдобрите изведувачи од Македонија, Балканот и неколку светски диџеи. Организаторот на фестивалот во наредниот период ќе открие дополнителни настани кои се одржува под заедничкиот слоган „Слушај го срцето“.

Comments are closed.

POP