Работна средба на општинската администрација со претставници од невладината организација „Сонце“

Преку Програмата ROMACTED-„Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“, која е заедничка Програма на Европската Унија (DG NEAR) и Советот на Европа, по претходно потпишан Меморандум на разбирање од страна на градоначалникот на општина Струмица, денес се одржа работна средба на претставници од општинската администрација, со активистите од НВО „Сонце“, кои учествуваат во реализација на програмските активности, за имплементација на проектот.

          1 (20)  Целта на Програмата опфаќа повеќе приоритети, меѓу кои се опфатени градењето на политичка волја и одржлив политички ангажман на локалните власти за подобрување на демократското локално владеење (управување),  градењето на капацитет и стимулирање на јакнење на локалните ромски заедници за да придонесат во дизајнирањето, спроведувањето и мониторингот на планови и проекти кои се однесуваат на нив, јакнење на ромската заедница – на индивидуално ниво (им асистира на луѓето да ги практикуваат своите основни права и прошират своите капацитети и вештини), подобрување и проширување на посветеноста, капацитети, знаењата и вештините на институциите за вклучување на Ромите, како и воведување во пракса на концептот за добро владеење-управување.

На работната средба беа донесени одредени заклучоци, поврзани со логистичката и административно-техничката поддршка која општина Струмица треба да ја обезбеди, како и потребата од формирање на посебна работна група, која ќе се вклучи во сите фази на овој проект.

 

Comments are closed.