КК Струмица поразена од Фени

Екипата на КК Струмица го запиша својот 24-ти сезонски пораз, откако со резултат од 100:84 загуби на гостувањето кај Фени Индустри.

kosarka

Тешка борба води КК Струмица за опстанок во лигата. Со 31 освоен бод екипата од Струмица е на последното место на табелата, и има негатива од 3 бода во однос на Карпош кој е 11-ти на табелата.

Во следното коло КК Струмица на домашен терен игра со 10-то пласираниот Шкупи од Скопје, додека Фени ќе ги одмери силите со Карпош. Овој натпревар ќе биде од големо значење доколку Струмица го добие, бидејќи Фени е голем фаворит за победа над Карпош.

 

Comments are closed.

Capture