ЖФК Тиверија второпласирана на табелата, дали ќе може за прво место ?

Екипата на ЖФК Тиверија по 15. одиграни кола се наоѓа на второто место на табелата со вкупно 42 освоени бодови.

Во досегашниот тек од сезоната, фудбалерките на Тиверија забележале 14 победи и еден пораз, при што постигнале 103 погодоци, што ги прави најефективни, а примиле 8 погодоци, со што после првопласираниот Драгон ја имаат најдобрата одбрана во лигата.

ZFK Tiverija - trening 04.03.2018

Единствен пораз за фудбалерките на Тиверија, е поразот од Драгон 2014, екипа која со 45 бодови, или три повеќе од Тиверија, е првопласира на табелата.

Тиверија силите против лидерот Драгон ќе ги измери во 20. коло на домашен терен, каде ќе има можност за победа и да се искачи на првото место на табелата.

Во поглед на табелата, третопласиран е Борец со 31 освоен бод, четврти е Атлетико со 27 бодови.

На долниот дел од табелата е ЖФК Њу Јорк, екипа која е единствена без бодови, место погоре или поточно 11-то пласирана е ЖФК Каменица Саса со 8 освоени бодови, а Речица со 11 бодови е десетта на табелата.

Comments are closed.

POP