Градоначалникот Јаневски присуствуваше на одбележувањето на Светскиот ден на книгата во библиотеката „Благој Јанков Мучето“

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, присуствуваше на одбележувањето на Светскиот ден на книгата и авторското право кое што се одржа во библиотеката „Благој Јанков Мучето“. Таму се дружеше со учениците од основното општинско училиште „Видое Подгорец“ кои изведоа пригоден рецитал и ги презентираа своите дела и со нив се потсети на неговите омилени книги.2 (10)

Директорката на библиотеката Тања Гошева пред присутните на одбележувањето ја прочита македонската порака која што по повод Светскиот ден на книгата и авторското право ја напиша министерот за култура, Роберт Алаѓозовски.

 1 (21)

-На овој ден, човештвото ја слави слободата, но и борбата за слобода и еманципација во исто време. Во таа вечна борба, книгата е еден од најважните столбови на слободата, човековото себепознавање и слободно изразување и комуницирање, стои во пораката.

Comments are closed.