Василево со минимална победа над Академија Кукла

Екипата на Василево со минимални 1:0 ја победи Академија Кукла, во натпревар од 20. коло од Третата лига Југоисток.

Академија Кукла на овој натпревар пружи голем отпор кон екипата на Василево, а тоа се покажа и со конечниот резултат.

FK Vasilevo 3

Василево со оваа своја 14-та сезонска победа останува втор на табелата со 43 бодови, и негатива од девет бодови во однос на Детонит Јуниор кој е прв. Академија Кукла е осма со 16. освоени бодови.

Во следното коло Василево ќе игра против Младост од Удово, додека Академија Кукла ќе има тежок натпревар против лидерот на табелата, радовишки Детониот Јуниор.

Comments are closed.