Фудбалерите на Беласица буквално ја декласираа Победа од Валандово, со резултат од 0:12 на гостински терен, во натпревар од 21. коло од Втората лига Исток.
Беласица уште еднаш ја потврди својата доминација на теренот, а со оваа убедлива победа се чекор поблиску до влез во Првата лига.
Струмичани на табелата се први со 52 освоени бодови, додека Победа од Валандово останува на деветтото место со 10 освоени бодови.
Во следното коло Беласица ќе гостува во Кавадарци кај Тиквеш, додека Победа ќе има шанса за трета сезонска победа во Македонска Каменица кај екипата на Саса која е седмопласирана со 19 бодови.
Comments are closed.