Академија Пандев конечно до победа, го совлада Скопје

Екипата на Академија Пандев конечно дојде до првата победа во пролеттниот дел од сезоната во вистински момент, откако со 0:2 на гостински терен го совлада Скопје, во натпревар од 29. коло од Првата македонска фудбласка лига.

ak-pandev1

Пандевци се искачија на петтото место на табелата со 35 освоени бодови, додека Скопје останува на дното од табелата со 25 освоени бодови, исто колку што има и Пелистер кој е деветти на табелата.

Во следното коло Академија Пандев ќе има тешка задача на домашен терен против новиот шампион Шкендија.

Лидер на табелата е Шкендија со 75 бодови, втор е Вардар со 49 бодови, додека Силекс кој е трети има 45 освоени бодови, и ќе се обиде до крајот на сезоната да заврши како втор.

Comments are closed.

Capture