Струмичанец добитник на 7-ка на ЛОТО

Новиот Лото член на семејството добитници на 7ка, не изненади во петокот во просториите на дирекцијата, а ние денес возвративме, со посета на среќното уплатно место Ваткос и ТВ ВИС, кои први ја добија среќната вест, известуваат од Државна лотарија на Македонија. – пишува на официјалниот Фејсбук профил на Државна Лотарија на Македонија100-8-620x330

Александар Брзаковски е 30годишно енергично момче, со исклучително позитивна природа. При запознавањето се уверивме дека добивката е во вистински раце, а воедно средбата и разговорот со младиот добитник, кому оваа игра на среќа ќе му помогне да си го смени животот на подобро, ни дава дополнителен елан да создаваме можности за нови среќни приказни, под слоганот ЗА ДОБРО!

Блиските и пријателите на нашиот среќен добитник, велат дека среќата тропнала на вистинската врата, радосни што токму Александар кој тие го знаат како вредно, културно, скромно момче кое со работа во струмичка месарница, сам го пробива патот низ животот, што до сега не бил милозлив кон него.

Александар верувал во своите среќни броеви и пет години по ред уплаќал во секое коло од играта на среќа Лото, точно по пет комбинации. Вели дека внимателно ги следел извлекувањата и правел комбинации од броеви по своја интуиција. До сега не остварил поголема добивка, но не пропуштил ниту едно коло без да уплати. Како што вели, чувствувал дека еден ден ќе ја добие премијата и не треба да се откажува. Уплатата за 30тото коло ја извршил во среќното место Ваткос, на плоштадот во Струмица. Ливчето го пополнил “за две минути” на денот на извлекувањето. Вечерта, не го следел извлекувањето, но no еден час ги проверил резултатите на веб страната и феис бук страната на Државна лотарија на Македонија. Кога ги видел првите четири бројки, почуствувал дека ова е негова 7ка, но сепак не можел да поверува, ни кога ги видел сите седум. Не можел да верува ни наредните два дена, се до моментот на доаѓање во Државна лотарија на Македонија и потврда на добивката од 10.191.596,00 денари.

Александар Брзаковски

Вели дека оваа добивка ќе му го промени животот и дека ќе продолжи да игра. Уплатата на Лото броеви веќе му е редовна убава навика, а се покажа и за многу корисна и исплатлива, во ова 30то коло,  за кое помошното Лото ливче го пополнил за само две минути.

Уплатил пет комбинации од кои токму петата со броевите: 4, 10, 13, 20, 23, 25 и 32, му донесе добивка од близу 150.000 евра.

Александар се согласи на јавна објава, со надеж дека неговиот пример ќе го следат и други млади, за, како што вели, да им помогне во вербата дека со малку средства преку оваа игра на среќа ќе може да си го сменат животот, тогаш кога тоа е најмногу потребно.

Играта НовоЛото 7/34 заокружува осум години од почетокот на приредувањето – од 23ти април 2010та, а низ неа до сега запознавме дваесет добитници на 7ка со различни животни приказни пред и по добивањето на премијата.

Иако Струмица е град на голем број играчи на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, со богато портфолио на добитници на стокови и парчини добивки, ова е прва 7ка на којa и се радуваат. Во списокот на градови на добитници на популарната 7ка, Александар Брзаковски  за прв пат ја впиша Струмица, покрај Скопје, Битола, Свети Николе, Куманово, Тетово и Неготино.

Comments are closed.