Во Струмица се одржа 54-от државен натпревар на младите истражувачи

Во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ во Струмица, се одржа 54-от државен натпревар на младите истражувачи од Република Македонија. Двесте талентирани ученици од сите средни училишта од Македонија се натпреваруваа во 23 области од техничките и природните науки. Натпреварот за отворен го прогласи претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.

30594558_1606011352785622_2661376356117381120_o-Општина Струмица целосно ги препознава важноста и улогата на образованието во развојните процеси на Општината и е свесна за комплексноста на самата надлежност, која опфаќа многу фактори и дејности за различни целни групи граѓани.
Нашата визија дека „Образованието е темел за слободата и интегритетот на граѓаните“, опфаќа повеќе перспективи кои се реализираат преку развојот на знаењaта, вештините и интегритетот на учениците низ воспитно-образовните процеси, интегрирање на локалните потреби за образование во воспитно – образовниот систем, зголемување на атрактивноста на средните стручни училишта и зголемување на уделот на општинскиот буџет наменет за образованието. Во делот на мерки и иницијативи, општина Струмица во долгорочното планирање преку соработката со училиштата ќе ја поттикнува креативноста на учениците, ќе ги развива способностите на учениците низ воннаставни форми на настава, ќе ги унапредува просторните и материјалните услови за воннаставни активности, ќе ги зајакнува капацитетите на учениците за лична одговорност и критичко мислење и ќе обезбедува можности за стручно усовршување и едукација на наставниот кадар. Овој денешен настан, кој ги собра младите истражувачи од целата наша држава е показател дека мора да ги користиме сите можности за поттикнување на учениците за истражувања, иновации и унапредување на нивниот напредок, со вклучување на сите човечки и материјални ресурси, рече Даскаловски.30706921_1616324938420930_7804718655081545728_n

Натпреварот се одржа во организација на Сојузот на Здруженијата за техничка култура на Македонија – Народна техника, Сојузот на здруженијата на млади истражувачи – Наука на младите и Народна техника – Струмица, а на истиот присуствуваа и претставници на Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука.31084303_1616325281754229_8676345172172210176_n 31093484_1616325175087573_7049020344761319424_n 31093502_1616325125087578_4379933345526579200_n 31117416_1616324878420936_6095898030114865152_n

Comments are closed.

POP