Учениците од ООУ „Маршал Тито“ од Струмица, со реализација на активности од проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“

Ученичката сообраќајна секција од општинското основно училиште „Маршал Тито“ од Струмица, ги реализира активностите од годишната програма за работа, која во рамките на проектот од Детската Фондација Песталоци, за една учебна година се финансирани и за подготовките за сообраќајно-воспитниот натпревар „Детски семафор“. 30742167_1615091898544234_8568641217888256000_oУчениците во мешан етнички состав, со велосипедите набавени преку проектот, успешно ги совладуваат препреките поставени на училишниот полигон, изработени од наставникот Ѓорги Ќосевски. Теоретскиот дел се изведува на посебни тестови, користени преку веб страната на Републичкиот совет за БСП. Дружењето на учениците од различни етнички групи и почитувањето на различностите ја зголемуваат самодовербата и учениците се учат да развиваат позитивни ставови, психосоцијални и интерперсонални комуникациски способности, со развиени вештини за позитивно емоционално изразување во работата на ученичките секции.30742973_1615091695210921_6328129793732640768_o
Овие активности се поддржани од општина Струмица, а имплементацијата на проектот ја реализира Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во соработка со Бирото за развој на образованието од Скопје.30762815_1615091681877589_5393343433207185408_n

Comments are closed.

Capture