Енергетски ефикасно ЛЕД осветлување на булеварот „Маршал Тито“

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ продолжува со модернизирањето на уличното осветлување во градот. Деновиве се работи на ново енергетски ефикасно ЛЕД осветлување на булеварот „Маршал Тито“. На потегот од кружниот тек кај ЕВН кон средното општинското училиште „Никола Карев“ веќе се поставени нови 40 ЛЕД арматури, а замената на старите со нови сијалични места ќе продолжи се до излезот на Струмица кон Валандово. Новите ЛЕД светилки се поквалитетни и енергетски поефикасни од тие што досега беа во употреба. Современото улично осветлување е еден од приоритетите на градоначалникот Коста Јаневски и ЈП „Паркиралишта Струмица“.30594558_1606011352785622_2661376356117381120_o 31081507_1615097298543694_865656164656873472_o 31120875_1615097398543684_8007295207118733312_o 31124707_1615097371877020_6329076425999515648_o

Comments are closed.