КК Струмица со тежок натпревар против Фени Индустри

Екипата на КК Струмица ќе има тешка задача во борбата за опстанок, бидејќи во утрешниот натпревар гостуваат кај Фени Индрустри, екипа која е на седмата позиција на генералниот пласман со 41 освоен бод.

kosarka

КК Струмица е последна на табелата со 30 освоени бодови, и има негатива од 3 бода во однос на Карпош кој е пласиран на 11-тото место.

Карпош ќе ги одмери силите со Кожув, што на струмичани им одговара да карпошани загубат на оваа гостување.

Comments are closed.

POP