Академија Пандев на дуел со Скопје

Екипата на Академија Пандев ќе одигра еден тежок натпревар на гостински терен против мотивираната екипа за опстанок во Првата лига, екипата на ФК Скопје, во натпревар од 29. коло од Првата македонска фудбалска лига.

pandev3-885x500

Скопје дефинитивно во пролетниот дел од сезоната покажа дека за цел има да опстане во првата лига, откако се врати во „живот“ по одличните игри, со што ја надокнади големата бодовна разлика на табелата. Скопје иако е последен тој сепак има 25 освоени бодови, исто колку што има Пелистер кој е деветти, додека Победа која е осма има 26 бодови, а Академија Пандев е седма со 32 освоени бодови.

Пандевци во пролетниот дел се уште немаат запишано победа, со 32 освоени бода се на седмата позиција.

Овој дуел навистина ќе биде интересен за следење, а бодовите ќе бидат значајни за двете екипи. Скопје со евентуална победа би можел да се искачи до осмото место на табелата, што во најмала рака во таква ситуација обезбедува бараж за опстанок, додека Академијата со новите три посакувани бодови би можела да се искачи до петтото место на табелата.

Comments are closed.

POP