Сигурна и убедлива победа за Беласица

Екипата на Беласица со високи 5:0 го победи Осогово од Кочани, во натпревар од 20. коло од Втората лига Исток.

Беласица уште еднаш ја покажа својата доминација на теренот, додека екипата од Кочани не можеше да пружи ниту малку отпор.

Belasica - Borec - 10.03.2018 - Strumica

Струмичани се скоро до својата посакувани цел, влезот во првата лига, додека тешка битка ќе се бие помеѓу Брегалница која во моментот е втора со 40 бода и натпревар повеќе во однос на Борец од Велес кој е трети со 38 бода и натпревар помалку.

Во следното коло Беласица ќе гостува кај Победа Валандово каде е апсолутен фаворит, додека Осогово ќе игра дерби против Саса.

Comments are closed.

Capture