Исполнето ветувањето на градоначалникот Јаневски – се подобрува уличното осветлување во Куклиш

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ работи на подобрување на уличното осветлување во населеното место Куклиш. Овој зафат се реализира на патот кој што  поминува низ селото и тоа со поставување на нови арматури на веќе постоечки столбови, а на кои што немаше арматури за осветлување. Осветлувањето на овој потег ќе биде подобрено со 18 сијалични места.

1 (18)Подобрувањето на уличното осветлување во Куклиш е една од мерките за зголемување на безбедноста на жителите на ова населено место, а што им ја вети градоначалникот Коста Јаневски на работниот состанок на Советодавната група на граѓани на тема „Поголема безбедност во заедницата“ која што се одржа пред две недели. Зачестените сообраќајни незгоди од кои две со жртви на овој пат, кој спаѓа во групата на регионални патишта, беше поводот за состанокот, а на кој градоначалникот Јаневски потенцираше дека ќе бидат преземени сите мерки кои што се во надлежност на општината за подобрување на безбедноста на граѓаните.

 

 

Comments are closed.

Capture